Кога овој голем месојад би ја загризал храната, тоа го правел со сила еднаква на тежината на три автомобили, што му овозможувало со леснотија да ги меле коските.

На основа на компјутерскиот модел креиран по мускулната анатомија и вилицата на ти-рексот и анализата на неговите живи роднини (крокодилот), научниците утврдиле дека силата на неговиот угриз изнесува околу 3.630 килограми.

„Се додека е сочинето од месо и коски, ти-рексот можел да прегризе што сака“ – изјави палеобиологот Грегори Ериксон од Универзитетот на Флорида.

Траговите на угризот на фосилизираните остатоци на коските на другите диносауруси покажуваат дека ти-рексот ги мелел коските. Таа способност на ова огромно суштество, високо 13 метри и тешко седум тона, му давала предност на останатите предатори на кои тоа не им успевало.

„Така доаѓал до минералите во коските и коскената срж“ – наведува палеобиологот Пол Гињак од Универзитетот во Оклахома, водечки автор на истражувањето објавено во магазинот „Science”.

„Нормално, тоа претставувало и ризик, бидејќи со продирањето во коските можело да дојде до тешко оштетување на забите, но наградата била богата“.

Тираносаурус рекс поседувал поголема сила на угриз од било кое суштество кое научниците го проучувале и далеку поголема од било кое живо суштество денес.


Сепак, ова не е најсилното суштество во историјата. Се проценува дека големиот крокодил деинозух (Deinosuchus), кој живеел неколку милион години пред ти-рексот и тежел повеќе од него, а имал и сила на угриз од 10.400 килограм.





Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 19:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар