Дали можеме да кажеме дека политичката криза е зад нас и можеме да зачекориме по патот на прогресот, мирот и помирувањето?

„Политичката криза започнува да добива расплет иако не може да се каже дека е завршена. Политичката криза која посебно трае во последните две години, после објавувањето на проектот „Вистината за Македонија“ требаше својот расплет да го има со парламентарните избори. Меѓутоа усложнувањето доаѓа и после парламентарните избори се до моментот додека не се формира новата влада. Јас очекувам и сакам да зборам за иднината на оваа држава и да бидеме сите дораснати на одговорноста на нивото кое го имаме пред граѓаните и пред државата и конечно да работиме на напредокот. Дијалогот е неизбежен, ние можеме да имаме различни политички ставови и можеме да се доведуваме во лоши ситуации какви што беа во изминатиов период во Македонија. Но, едно е сигурно, мораме да се издигнеме над личните и партиските интереси, да се ставиме во функција на граѓаните и на тој начин да излеземе од оваа политичка криза и да влеземе во помирни води за Р.М.“ – изјави Спасовски.

„Ова веројатно е една од најразорните кризи од осамостојувањето на Република Македонија и добро е што поскоро да заврши. Оваа криза не му одговара на никого најмалку на Македонија и како што кажа Оливер расплетот може да донесе само добро. Мислам дека Македонија беше во една ситуација каде лошото носи ново лошо и сега ние тоа треба да го промениме. Граѓаните се преморени од тоа да бидат жртви на кризата. Затоа што тие беа најголемите жртви на оваа криза“ – изјави Тодоров.

Целата дебата погледнете ја во видеото.



Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 18:43
Мирјана Трпческа
Обновено во: 12:30

коментари

остави коментар