39 годишен Македонец е уапсен од грчката полиција, а потоа и ослободен под сомнение дека криумчарел нелегални мигранти, за од Турција преку Грција да ги пренесе до некоја европска земја.

-Уапсениот,возејќи камион со приколка пристигна на граничниот премин Кипи (Еврос) за да влезе во Грција. По контролата, полицијата во соработка со царинските службеници,откри дека 39 годишниот, во приколката, пренесувал нелегално тројца нелегални мигранти.  - пишува во соопштението од грчката полиција.

Според информациите на Канал 5, македонскиот државјанин по исказот даден пред истражен судија, каде што рекол дека ни самиот не знаел дека во приколката на камионот има 3 лица, е пуштен на слобода со кауција од 5000 евра, ќе се брани од слобода, а во Грција ќе треба да дојде кога ќе биде закажано судското рочиште.

Уапсени македонски државјани и во минатото пред истражните судии во Грција излегуваа со слично тврдење - не знаеле дека во камионот имаат мигранти. Па така, доколку овој став се земе за вистинит и нашите камионџии се жртви,а не криумчари кои зеле пари за да пренесат мигранти кон Европа, тогаш се препорачува, македонските транспортери додека поминуваат низ Грција и Турција и одмораат или спијат на паркинзи да бидат внимателни, да ги проверуваат камионите, да не случајно во приколките нелегално  влегле мигранти.

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 12:57
Сања Ристовска

коментари

остави коментар