На изложбата ќе бидат претставени дела од магистарски труд изработени во акрил на платно.

Владимир Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Во Скопје завршил Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, каде и магистрирал. Живее и работи во Кавадарци.

Досега имал голем број самостојни и групни изложби. Учествувал на многу меѓународни колонии, во државата и во странство и остварил неколку студиски престои во странство. 

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 10:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар