Во тој период Тори уживаше во удобниот живот, но после смртта на нејзиниот татко, влезе во конфликт со нејзината мајка и од својот татко во тестаментот не ја доби посакуваната сума на пари.

Сепак, финансиите не и се посилната страна и трошеше повеќе од што заработуваше, а тоа сега и се одби од глава. На државата и должи шест милиони долари данок, а на нејзиниот сопруг му се заканува казна затвор поради тоа што повеќе од година дена не и платил алиментација на неговата поранешна жена.

„РадарОнлајн“ пишува дека Тори и Дин неодамна добиле и петто дете, а и покрај тоа што банкротирале Тори не се откажува од своите третмани за разубавување. Тажна е поради тоа што сметките и се блокирани, па не може да оди на редовни третмани со ботокс и сега нејзината главна грижа е како да дојде до пари.

Нејзините пријатели се шокирани со ваквото размислување и воопшто не сфаќаат како ботоксот може да биде поважен од прехраната децата.

Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 21:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар