Од МВР велат едната бомба е хемиска – солзавец и е пронајдена во тревникот, додека бомбата – кашикара пред влезната врата. Таткото на пратеникот Милошоски, според билтенот на МВР, ја удрил димната бомба, и почнала да чади, по што му солзеле очите.

„Од извршениот разговор со М.М. истиот појаснил дека последен пат во куќата бил на крајот од минатиот месец и тогаш немало ништо во куќата. Увид на местото на настанот извршиле ЈО, увидна екипа од ПС- Македонски Брод и екипа од Одделот за антитерористичка заштита, при што е подигнат предметен материјал и даден за вештачење“, се наведува во билтенот на МВР.

Пратеникот Милошоски вели дека таму најчесто престојувал неговиот татко, а имотот го имаат половина век. Не сакаше да открива детали, ќе оставел истрагата да ги открие сторителите. Но, сепак, се сомнева дека се работи за политички притисок.

СДСМ со осуда за поставените бомби во викенд домот на Милошоски.

„МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети.

Дестабилизацијата во државата мотивирана и креирана од Груевски и соработниците мора веднаш да престане, бидејќи таа не носи ништо добро за никого“, се наведува во писмениот допис на СДСМ.

Од МВР велат дека работат на целосно расчистување на случајот.

Датум на објава: недела, 14 мај 2017 во 14:28
Игор Стефановски
Обновено во: 15:34

коментари

остави коментар