Од партијата велат дека веќе го разгледуваат предлогот на ДУИ.

Од ДУИ  потврдуваат дека договор меѓу СДСМ и ДУИ нема, разлики има околу албанскиот јазик.

На овие предлози ДУИ чека одговор од Бихачка пред седница на Централното претседателство, која неофицијално се најавува за викендов и на која треба да се одлучи дали потписите од 10 пратеници ќе одат на списокот на Заев за добивање на мандат за состав на Влада.

Додека СДСМ и ДУИ преговараат дел од членството на Бихаќка е незадоволно што не е запознаено со деталите од документот што Заев го испрати до Ахмети.

Реакции има и од интелектуалците кои негодуваат на нетранспарентноста.

Во меѓувреме во трката за  влада  не се откажува ниту ВМРО ДПМНЕ.

Илија Димовски вели дека  контактираат со ДУИ.

„Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ и од тука го црпиме легитимитетот и правото да ВМРО-ДПМНЕ биде носечка партија која треба да ја состави владата. Ние иако не успеавме во првите 20 дена, сепак не се откажуваме да формираме влада. ако не успееме можноста за брзи предвремени избори стои на маса“, вели Димовски.

Додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ чекаат одговор од ДУИ, Амети вели дека треба да донесе тешка одлука. 

Сите детали ги  разгледуваат во  партијата.

Ахмети смета дека во моментов не треба да се брза, бидејќи неправилна одлука би можела да биде и фатална.

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 14:53
Јулијана Николовска
Обновено во: 18:48

коментари

остави коментар