Од регионалната комора на занаетчии велат дека во последната година извршени се 50-тина кражби, што е значително поголема бројка во споредба со минати години.

,,Во последната година ограбени се 5 дуќани. И порано се крадеше, но не вака. Се влегува по неколку пати во ист дуќан.,,-вели Зоранче Станковски, од Регионалната занаетчиска комора на Битола.

Оние кои имале лошо искуство со крадците велат дека крадците оперираат како вистински професионалци. Во дуќаните влегуваат како да имаат резервен клуч, а потоа и заклучуваат така што наутро дуќанџиите штом ги отворат вратите ги чека непријатна глетка.

Од комората велат дека во последнито период имаат добра комуникација со полицијата така што засилени се и патролите. Бараат да се подобри и уличното осветлување за што велат ќе достават петиција и до локалната самоуправа. Посочуваат дека е важно секоја кражба да се пријавува.

Од полицијата велат дека веќе се постапува по предходно изготвен план така што со оперативни акции се решаваат случаите на кражби. Дел од крадците се фатени и против нив се поднесе кривични пријави, а на дел од случаите се уште се работи.

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 14:49
Анета Шијакова
Обновено во: 15:16

коментари

остави коментар