Почина 26 годишниот Словенец кого две момчиња го претепаа и го понижуваа цели  23 минути и сето тоа го објавија на оваа социјална мрежа.


Мотивите за нападот се уште се истражуваат, а наводно меѓу нив избила расправија која во комбинација со алкохол довела до претепување и смрт кај момчето. Видеото е објавено на фејсбук, а пред администраторите да го отстранат било погледнато од речиси 250.000 лица.

„Tоа не може да биде човек, тоа е ѕвер", коментираат згрозените и шокирани Словенци кои ја виделе снимката од убиството на Андреј Цекута. За убиството е осомничен 20 годишен Словенец, кој и ја поставил снимката на својот фејсбук профил. Иако во  фејсбук изјавуваат дека имаат тим кој е достапен 24 часа на ден и кој реагира по пријава за насилни снимки, некои од снимките на кои има експлицитно насилство останале достапни многу подолго.


Датум на објава: среда, 15 февруари 2017 во 17:54
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:35

коментари

остави коментар