Советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин поднесе оставка по обвинувањата дека бил поврзан со Русија. Тој имал телефонски разговор со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак, пред изборот на Доналд Трамп ,  и за тоа како што тврди во својата оставка не го информирал ниту потпретседателот .Потпретседателот и другите имаа нецелосни информации за телефонскиот разговор што го водев со рускиот амбасадор  пишува Флин кој тврди дека за контактот немал овластување ниту дозвола. 

Флин исто така го убедувал потпретседателот Мајк Пенс дека со рускиот амбасадор не разговарал околу можноста за повлекување на американските санкции кон Русија.


Image result for сергеј кисљак


Меѓутоа транскриптот од разговорот што го воделе Флин и Сергеј Кисљак покажува дека соговорниците стигнале и до оваа тема. Според американските медиуми, Белата Куќа, била предупредена за контактот , минатиот месец, и им било укажано дека Флин може да биде уценуван од Русија.

Постапка  за утврдување на одговорност на Флин, во конгресот најавија од  демократската партија од каде рекоа  дека ќе побараат да се одржи брифинг  за овие прашања чуствителни за националната безбедност. Русија одби да ги коментира случувањата .

- Ова е внатрешна работа на Американците , внатрешна работа на админстрациајта на Трамп. Тоа нема врска со нас рече Димитри Песков портпарол на Кремљ.

Но во одбрана на Флин застана рускиот сенатор Алексеј Пушков кој твитна дека Флин не е присилен да си даде оставка поради грешката, туку поради агресивната кампања.

Image result for трамп флин


Цели 24 дена поминаа од како за прв пат беше објавено дека имало телефонски разгвоор до остваката на Флин. Медиумите анализраат дали Трамп навистина требаше да чека толку време за остваката на Флин која сега се заканува да отвори многу други прашања – за дискутабилните контакти со Русите пред и по изборите.


Датум на објава: вторник, 14 февруари 2017 во 14:28
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 15:25

коментари

остави коментар
  1. http://www.infowars.com/the-real-reason-general-flynn-was-forced-to-resign/