Таа свири на клавир, но пишува и поезија. Слепилото не ја спречува успешно да се снаоѓа во светот на уметноста, така што Јована веќе ја подготви својата прва поетска збирка насловена “ Тајните на моето срце”. Јована вели дека збирката ја пишувала повеќе од една година, при што испирациите ги црпи од секојдневието и од своето семејство.

,,Време за да напишам ми требаше околу една година и пол, а промоцијата ќе биди на 18 Февруари во 12 часот во големата сала во Општина Ресен, инаку уште како мала многу сум слушала композиции од клавир и гитара, тие ми биле два омилени инструменти, гитара не успеав да свирам, а на клавир успеав и затоа сум многу среќна.,,-вели Јована Трајчевска од Ресен.

Јована е всушност мултиталентирано дете, бидејќи покрај тоа што пишува поезија и свири клавир и хармоника, таа одлично игра и шах. На повеќе полиња освојува и бројни награди.

На сите кои што го загубиле видот Јована им порачува да не се откажуваат, да гледаат низ свето срце и да настојуваат да го работат она што го сакаат. 



Датум на објава: сабота, 11 февруари 2017 во 14:44
Анета Шијакова
Обновено во: 16:02

коментари

остави коментар