- Ви ја честитам инаугурацијата за претседател на САД, големиот стратешки пријател на нашата држава, Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име. За граѓаните на Македонија од огромно значење е придонесот на САД во развојот на демократските процеси и почитувањето на човековите слободи и права во земјава, пишува во честитката на Заев.

Ви неа лидерот на СДСМ посочува дека од големо значење е и поддршката на САД за безбедноста на Република Македонија и на целиот регион.

- Иднината на Македонија како држава е во НАТО и Европската унија и се надевам дека САД ќе продолжи со политиките на поддршка на евроатлантските интеграции. Се заблагодаруваме на континуираната успешна соработка што во тој дух ја има нашата земја со САД и се надеваме дека така ќе продолжи и во иднина, пишува Заев во честитката до Трамп. 

Датум на објава: сабота, 21 јануари 2017 во 13:42
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:42

коментари

остави коментар