Според МВР синоќа  околу 21,00 часот во с.Сушица, струмичко, додека Д.С.(33) се наоѓала во кујната, влегол нејзиниот сопруг Н.С.(39) и започнал да ја навредува и да и се заканува со физички напад.

Во исто време, во кујната се наоѓал и нивниот малолетен син Т.С.(15), кој кога видел дека неговата мајка е во опасност (нешто што се случувало честопати и е документирано во СВР Струмица) се обидел да ја заштити така што застанал пред неа.

Н.С. револтиран од неговата постапка, со тупаница го удрил по лицето, а Т.С. исплашен за својата безбедност и безбедноста на својата мајка зел еден нож, замавнал со истиот и го повредил Н.С. во пределот на стомакот. 

Истиот е пренесен во Медицински центар Струмица, каде што му била констатирана ТТП - убодна рана во пределот на стомакот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум на објава: сабота, 29 јуни 2013 во 12:38
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:25

коментари

остави коментар