Нека потсетат дали додека тие беа на власт инвестираа макар еден денар во изградба или реконструкција на некој автопат, во реконструкција на некој регионален пат или пак градеа локални патишта. Ги оставија патиштата да се уништуваат без око да им трепне и наместо со парите што им ги земаа на граѓаните да ги поправаат, тие ги полнеа сопствените џебови.

Никој досега не памети како истовремено се градат 3 нови автопати, 5 нови експресни патишта, како се реконструираат над 200 километри регионални патишта, како се изградија преку 400 локални патишта.

Ова СДСМ свесно избегнува да го кажува бидејќи ниту денар не вложија во реконструкција на патиштата, реагираа од ВМРО ДПМНЕ.

Датум на објава: сабота, 25 јуни 2016 во 15:02
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:36

коментари

остави коментар