Екипата од Автокоманда, го достави своето барање до Ракометната федерација на Македонија (РФМ), а оттаму пак истото е препратено до Европската ракометната федерација (ЕХФ).

Утре е последниот рок за сите национални федерации да пријават кои клубови и во кои купови ќе ги претставуваа.

Металург кој заврши зад Вардар и Зоминам М. во македонската лига, според пласманот треба да настапува во ЕХФ купот, заедно со струмичката екипа. Меѓутоа, Металург го искористи правото да побара од својата РФМ, како посредник до ЕХФ, да игра во Лигата на шампионите, се разбира, доколку ги задоволи строгите барањата на ЕХФ пред се создавање на конкурентен тим.

Според најавите ЕХФ би требало да одлучува на 19 јуни, односно да го соопшти комплетниот список на учесници во Лигата на шампионите во сезоната 2015/16, вклучувајќи ги и екипите кои добиле право преку „вајлд-карта’’.

Минатата сезона на ваков начин Вардар доби право за настап во Лигата на шампионите, а за следната сезона шансите се поголеми затоа што ќе се игра по нов систем, со 28, наместо 24 екипи.

Датум на објава: понеделник, 08 јуни 2015 во 19:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар