На ноќеска одиграниот натпревар број 4 од финалето на „Исток“ Кливленд славеше со 118:88 (32:20, 27:22, 26:18, 33:28). Најефикасен на натпреварот беше Леброн Џејмс со 23 поени, додека Џеј Ар Смит постигна 18 поени со 10 скокови (сите во одбрана). Во екипата на Атланта најпрецизен беше Пол Милсап со 16 поени.

Во финалето Кливленд ќе игра со победникот од дуелот Голден Стејт – Хјустон.

Финалната серија ќе почне на 4 јуни (четврток) а Кливленд ќе биде гостин на првите два натпревара.

Вечерва се игра натпреварот број 5 од финалето на „Запад“ меѓу Голден Стејт и Хјустон. Голден Стејт има предност од 3-1 во победи.

Датум на објава: среда, 27 мај 2015 во 09:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар