Нојројтер двете трки ги заврши со вкупно време 1:46.93 минути, 20 стотинки побрзо од Италијанецот Стефано Грос, а на подиумот се искачи и трето пласираниот Хенрик Кристоферсен (Норвешка) кој заостана 44 стотинки.

Лидерот во Светскиот куп Марсел Хиршер (Австрија) не ја заврши првата трка и остана без бодови, по што го загуби водечкото место во пласманот во слалом.

Пласман слалом: Нојројтер 420, Хиршер 376, Фриц Дофер (Германија) 304,...

Генерален пласман: Марсел Хиршер 836 бодови, Кјетил Јансурд (Норвешка) 624, Дофер 542, Нојројтер 542,...

Датум на објава: сабота, 17 јануари 2015 во 16:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар