Во машката конкуренција во категорија сениори, првите три места ги освоија играчи на Макпетрол, каде Александар Соколовски во двата дена собори вкупно 1228 дрва, Сашо Трпковски го освои второто место со 1197 соборени дрва, додека третото место му припадна на Виктор Николовски со вкупно 1174 соборени дрва.

Во женска категорија, победник во јуниорска и сениорска категорија е Мери Јанева, која во двата натпреварувачки денови успеа да собори вкупно 1055 дрва. Втора во сениорска категорија е Тања Трпковска со 1025 соборени дрва, додека третото место го освои Данче Гијевска со 1019 вкупно соборени дрва.

На натпреварите во јуниорска категорија најдобар резултат постигна Кристијан Костов со 1117 вкупно соборени дрва, второто место му припадна на Кире Георгиевски со вкупно 1056 соборени дрва, додека третото место го освои Никола Андоновски со вкупно 1050 соборени дрва.

Мери Јанева победи и во јуниорска конкуренција кај девојките, пред Ивона Кузмановска со 940 соборени дрва, додека третото место го освои Ана Печенковиќ со 794 вкупно соборени дрва.

На државното првенство учествуваа 32 натпреварувачи во машка и 9 во женска конкуренција, кои се натпреваруваа во две серии по 120 кугли, а победниците беа одлучени со вкупниот збир на соборени дрва.

Резултатот кои го постигнаа јуниорите(ките) се сметаше и за сениорска конкуренција. /МИА

Датум на објава: понеделник, 15 декември 2014 во 13:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар