Жан Франсоа Домерк, одговорен на одделот за фудбал на УЕФА, поранешниот прославен француски фудбалер е во работна посета на ФФМ и низ теоретска и практична програма ја претставува програмата за развој пред тренерите кои работат во системот на ФФМ.

- Новата програма на УЕФА е многу позитивна од аспект на почетниот развој на младите, а кога зборуваме за развој, не мислиме само на фудбалскиот напредок, за нас е многу значаен развојот на младите и како личности со вистински вредности кои минуваат низ добар едукативен процес. Не радува тоа што вашата федерација веќе работи според дел од нашата програма, тоа за нас е многу важно, бидејќи ни треба партнер кој веќе ја има поставено базата. За ФФМ тоа е фудбалската академија и младинските селекции, а наша цел е да ви помогнеме во целост да ги реализирате тие проекти и заеднички да се радуваме на новите играчи кои ќе ги создадеме во иднина. ФФМ има филозофија за работа со млади категории, знаеме дека започнавте и со спроведување на Националната програма за развој на младинскиот фудбал. Ние нема да ви наметнуваме нов начин и друга филозофија на работа, само ќе се обидеме да ви помогнеме да го остварите зацртаното низ семинари на кои ќе учествуваат ваши тренери во странство и стручни луѓе кои ќе дојдат во Македонија да ја презентираат својата програма пред тренерите, истакна Домерк.

Високиот претставник на УЕФА потенцира дека соработката со клубовите е исклучително важна и вели дека ФФМ не е конкуренција на било кој клуб и ја посочува соработката со клубовите како важна алка во процесот на создавање на квалитетни играчи.

- За федерацијата, па и за нас како носители на проектот е многу важно клубовите да ја сфатат програмата и целосно да се вклучат во остварување на целите кои произлегуваат од нашата програма. Ние работиме со деца кои имаат 14-15 години, сите ние кои сме вклучени во проектот мора да сфатиме дека ни требаат млади личности со „отворен ум“, а тоа ќе го остварат низ едукативниот процес, со квалитетна наставна програма, со изучување на вредности кои ги промовира УЕФА и со тренинг процес и техничка стратегија која веројатно е најважна во периодот кога младите се соочуваат со многу предизвици на теренот и надвор од него. За нас е многу важна инфрастурктурата, центарот кои ќе биде изграден за потребите на проектот и напредокот на тренерите кои се вклучени во процесот на создавање млади - елитни фудбалери, посочува претставникот на УЕФА.

Датум на објава: вторник, 23 септември 2014 во 16:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар