Најголемо име кое направи трансфер беше Колумбиецот Радамел Фалкао, кој од Монако замина во Манчестер Јунајтед, иако пред неколку дена беше најавено дека е веќе во редовите на европскиот шампион Реал Мадрид. Овој трансфер е остварен како позајмен играч за оваа сезона со можност на целосен трансфер следната сезона.

Во редовите на „црвените ѓаволи“ пристигна и играчот од одбраната на холандската репрезентација Дејли Блинд, кој од Ајакс за 16 милиони евра ја смени клупската средина.

Од Манчестер Јунајтед во Арсенал мина англискиот репрезентативец Дени Велбек. Висината на обештетувањето е 16 милиони фунти.

Манчестер Сити на позајмица во шпанската Валенсија го испрати повредениот Алваро Негредо, а Лигата на шампионите во дресот на Реал Мадрид ќе ја игра оваа сезона и Хавиер Чичарито, кој го напушти Манчестер Јунајтед.

Купуваа и позајмуваа и помалите клубови, а не ги сменија своите екипи „бараните на пазарот“: Марко Ројс (Борусија Дортмунд), Матија Настасиќ (Манчестер Сити), Артуро Видал (Јувентус).

Датум на објава: вторник, 02 септември 2014 во 09:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар