Пред Полска интерес за добивање на домаќинлакот на Еуробаскетот следната година покажаа и Хрватска, Германија, Франција и Австрија.

Полјаците до ФИБА Европа излегоа со предлог Украина да не се исклучува во целост од организацијата туку двете држави заедно со Чешка да ги пречекаат учесниците на континенталниот кошаркарски собир.

- ФИБА сака друга земја да го организира првенството, но Украина веќе плати четири милиони евра и не е фер сега да им се одземе организацијата, или во спротивно треба да им се вратат парите. Ние имаме конструктивен предлог. Украина нека биде домаќин на една од четирите групи, а во организацијата да бидеме вклучени и ние со Чешка, изјави Гжегож Бачански, првиот човек на Полскиот кошаркарски сојуз.

Полска во 2009 година беше домаќин на Европското првенство.

Конечната одлука кој ќе биде организатор на ЕП 2015 ќе биде донесена на состанокот на ФИБА Европа на 22 март.

Датум на објава: среда, 05 март 2014 во 09:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар