Сепак и покрај тоа што има две победи помалку, најдобар скор во лигата во моментов има лидерот на Истокот, екипата на Индијана (79,2%) која покрај 38.те победи има 10 загубени натпревари или еден помалку од Оклахома.

Резултати на 12 НБА натпревари одиграни ноќеска: Кливленд - ЛА Лејкерс 108:119, Филаделфија - Бостон 108:114, Вашингтон - Сан Антонио 118:125 (по две продолженија), Орландо - Детроит 112:98, Њујорк - Портланд 90:94, Хјустон - Феникс 122:108, Мемфис - Далас 96:110, Њу Орлеанс - Атланта 105:100, Оклахома Сити - Минесота 106:97, Денвер - Милвоки 110:100, Сакраменто - Торонто 109:101 и ЛА Клиперс - Мајами 112:116.

Вечерва се играат само два натпревара: Бруклин - Сан Антонио и Голден Стејт - Чикаго.

Пласман Источна конференција: Индијана 38-10 (победи-порази), Мајами 35-13, Торонто 26-23, Атланта 25-23, Вашингтон 24-24, Чикаго 24-24, Бруклин 21-25, Шарлот 22-28,...

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 40-11, Сан Антонио 36-13, Портланд 35-14, ЛА Клиперс 34-18, Хјустон 33-17, Голден Стејт 29-20, Феникс 29-20, Далас 29-21,... /Извор: МИА/

Датум на објава: четврток, 06 февруари 2014 во 09:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар