МИА ја пренесе веста на „Дејли мејл“ според која, анонимен навивач му се заканувал на Бејл поради неговата јавно искажана желба за трансфер во Реал Мадрид.

Раководството на Тотенхем по добиените сознанија за смртните закани упатени кон Бејл превземало мерки за зголема безбедност на фудбалерите, а случајот е пријавен и во полиција која започнала истрага.

Велшкиот интернационалец и покрај понудата од својот клуб за зголемена плата и други бонуси, одлучи да побара раскин на договорот и преселба на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Шпанците на Тотенхем за Бејл му понудија рекордни 80 милиони фунти.

Датум на објава: вторник, 06 август 2013 во 13:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар