Најдобриот српски тенисер, со Бекер како главен тренер, освои шест Гренд слем титули, вклучувајќи го и Ролан Гарос во 2016 година, но потоа проблемите со повредата на Ѓоковиќ стануваа се поочигледни.

- Можеби Новак не е доволно ценет затоа што игра во ера на двајца неверојатно популарни и успешни играчи како Роже Федерер и Рафаел Надал, наведува Бекер и додава дека „Ѓоковиќ  има неверојатна кариера и дека е привилегија да се работи со него“.

Германецот се осврна и на повредениот Енди Мари, кој во почетокот на годината го оперираше колкот во Мелбурн.

- Енди е еден од најдобрите, тоа е сигурно. Да играше во друг период сигурно ќе освоеше повеќе титули што би го потврдиле неговиот квалитет. Тој има желба да биде на врвот и тоа е нешто посебно, потенцира Бекер.

Според  него, постојат повеќе млади играчи кои се обидуваат да се пробијат кон врвот, но сепак актуелната „голема четворка“ ја сочинуваат Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мари./МИА

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 21:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар