Вардар поведе со голот на Бобан Грнчаров во 78. минута, но само по седум минути Бесарт Ибраими погоди од работ на шеснаесетникот и донесе израмнување за домаќините.

Натпреварот и покрај тензиите, пред се меѓу Грнчаров и Ибраими, сепак помина без посериозен инцидент.
Шкендија по овој резултат останува лидер на табелата во осум бодови предност.

На останатите натпревари од колото Шкупи со 5:2 ја декласираше Академија Пандев.

Реми без голови одиграа Работнички и Ренова, а без победник со по еден гол на двете страни  заврши пелагониското дерби меѓу Победа и Пелистер.

Натпревар меѓу Силекс и Скопје поради поплавениот  терен во Кратово е одложен за 21 февруари.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 17:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар