На почетокот на месецот, Ѓоковиќ беше подложен на хируршка интервенција и моментно се опоравува.

- Со секој изминат ден станувам се посилен и правам чекор напред кон враќањето на теренот. Не можам да дочекам да се вратам и повторно да бидам со рекет во мојата рака, напиша Ноле на Инстаграм под краткото видео што го објави.

Ѓоковиќ се врати на тениските терени во јануари по шестмесечно закрепнување од повреда на лактот. Но, за време на дуелите на Австралија Опен, тој повторно почувствувал болка.

Очекувањата се Ѓоковиќ да се врати во игра на почетокот на март за турнирот во Индијан Велс. Тој, исто така, најави учество и во „Мастерс“ турнирите во Мајами и Монте Карло, кои следат по него./МИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 20:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар