Бразилецот сакаше да добие надомест од 40 милиони евра од каталонскиот клуб, бидејќи тој не го добил бонусот што бил запишан во договорот меѓу двете страни по неговото обновување, пред да премине во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Оваа одлука на ФИФА може да предизвика адвокатите на Нејмар да го однесат случајот во КАС, иако веројатно нема да добијат поинаков одговор, бидејќи од централата на светскиот фудбал веќе категорично се изјасниле.

Од Барселона ја разгледуваат можноста да покренат свои дејства во кои ќе бараат надоместок од 75 милиони евра за прекршување на договорот од страна на Нејмар./МИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 18:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар