Веста е исклучително непријатна за менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер, чиј избор на напаѓачи за Лига Европа станува исклучително ограничен.
Причината за ова е дека новото засилување Пјер Емерик Обамејанг нема право да игра за Арсенал во овој турнир, додека Оливие Жиру беше отстапен минатиот месец во Челзи. Така Венгер ќе може да смета само на Дани Велбек и Еди Нкетиа за средбата со Естерсунд во четврток.

Лаказет и без тоа доживува тежок период, откако го загуби првотимскиот статус во Премиер лигата, а во дербито со Тотенхем го навлече гневот на навивачите на клубот, откако испушти златна можност да го израмни резултатот во самиот крај.

Арсенал заостанува доста во битката за топ 4 во Шампионатот, а шансата да се квалификува за учество во Лигата на шампионите тимот ја гледа во освојувањето на Лига Европа./МИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 17:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар