Во полуфиналето, Корејците ја освоија втората серија со нов олимписки рекорд - 6.34.510 минути. Второто место е за Унгарија со 6,36,866 минути. Светскиот рекорд за должината е 6.29.052 секунди.

Во финалето „А“ ќе се натпреваруваат уште Кина, Канада и Унгарија, а во финалето „Б“ - Казахстан, САД и Јапонија. Холандскиот тим беше дисквалификуван во полуфиналето.

Кина го освои првото полуфинале со 6,36,605 минути, пред Канада и Казахстан.

САД е олимписки вицешампион од Сочи 2014. Олимпискиот шампион од пред четири години, Русија не учествува во Игрите./MИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 16:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар