Клаебо поведе во средина на дистанцата, се оддели од останатите и не остави сомнеж дека ќе го освои олимпиското злато. Тој ја помина трасата за 3:05,75 минути.
Дваесет и едно годишниот Норвежанец, познат како „Комета“, стана најмладиот олимписки шампион во машкото крос-кантри скијање.
Досега најмладиот првак на Олимпијада во крос-кантри беше Швеѓанецот Гунде Сванте на 22-годишна возраст, кога се избори за злато на 15-те километри во 1984 година во Сараево.
Клаебо, кој има девет победи во Светскиот куп во оваа сезона, нападна моќно на последното искачување по 1,4-километарската траса и триумфираше со убедлива предност.
Значително понеизвесна беше битката за второто место, која беше решена по фотофиниш. Со среброто се закити Федерико Пелегрино од Италија, кој остана на 1,34 секунди зад победникот. Русинот Александар Болшунов заврши на две стотинки по италијанскиот натпреварувач и мораше да се задоволи со бронза.

Крос-кантри, спринт, финале, мажи:

1. Јоханес Клаебо (Норвешка) 3: 05.75
2. Федерико Пелегрино (Италија) 3: 07.09
3. Александар Болшунов (Русија) 3: 07.11
4. Паал Голберг (Норвешка) 3: 09.56
5. Оскар Свенсон (Шведска) 3: 13.48
6. Растомати Хакола (Финска) 3: 26.47.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 16:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар