Дваесет и осум годишниот Нуис заврши за 1:44.01 минути и го заслужи златото во олимпиското деби.
На второ место на 85 стотинки од секундата заврши друг Холанѓанец, Патрик Руст, кој се закити со сребреното одличје. Деветнаесет годишниот претставник на домаќините Ким Мин Сок ја заслужи бронзата со заостанување од 92 стотинки од секундата зад победникот.
Бранителот на титулата од Сочи 2014, Збигнев Бродка (Полска) беше разочарувањето на денот и заврши едвај 12-ти, со 2.30 секунди зад шампионот. Триесет и пет годишниот ветеран Шани Дејвис (САД), трикратен светски шампион во дисциплината, кој има и два сребрени олимписки медали на 1.500 метри од Торино 2006 и Ванкувер 2010, се пласира 19-ти со 2,73 секунди заостанување. Олимпискиот вицешампион од Сочи 2014, Кун Фервај (Холандија), пак, се рангира 11-ти со заостанување од 2,25 секунди.

Брзо лизгање, 1.500 метри, мажи:

1. Келд Нуис (Холандија) - 1: 44.01 минути
2. Патрик Руст (Холандија) - 1: 44.86
3. Ким Мин Сок (Република Кореја) - 1: 44.93
4. Харалдс Силовс (Латвија) - 1: 45.25
5. Такуро Ода (Јапонија) - 1: 45.44
6. Барт Свингс (Белгија) - 1: 45.49.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 15:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар