Од следната сезона „росонерите“ ќе ги облекува вториот по големина германски спортски бренд „Пума“.

Клубот и германскиот производител на спортска опрема денеска ја официјализираа соработката, но освен што беше наведено дека станува збор за долгогодишен договор кој ќе се применува од први јули годинава,  двете страни не соопштија други детали.

Иако изминативе две децении „Адидас“ беше синоним за фудбалскиот гигант од Милано,  како една од можните причини за крај на соработката се наведува и намалената продажба на дресови во последните три години. 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 09:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар