За 31-годишната Вист ова е петто злато или вкупно десетти медал на олимписките игри. Таа влезе во историјата како единствена лизгачка која има двоцифрен број на медали.

Холанѓанката денеска триумфираше пред Јапонката Михо Такаги и сонародничката Марит Ленстра.

Вист во Пјонгчанг го освои вториот медал, откако го освои второто место на трката на 3.000 метри.

Таа на Холандија и го донесе третото злато во Пјонгчанг или вкупно шестиот медал по три дена натпреварување. /МИА

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 19:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар