Поранешниот кошаркар „преживеа“ откако на денешниот вонреден конгрес доби 16 гласа „за“, додека неговиот противкандидат, Владо Илиевски, доби 14 гласа.
МКФ донесе и ново правило, за клубовите да не смеат да бараат Вонредно собрание за гласање на доверба кога тие сакаат, туку тоа ќе оди на секои две години.
- На овој начин раководството би било ослободено од притисоци, за да може да си ја врши својата работа. Ова се однесува за мене, но и за сите идни претседатели и раководства на МКФ, изјави Наумоски.
Наумовски се заблагодари и на Владата за дадената поддршка.
- Без двосмисленост, тие се изјаснија дека спортот треба да биде поддржуван од сите ако сакаме да имаме професионализам во спортот и успеси, дополни легендата на македонската кошарка./МИА

Датум на објава: недела, 11 февруари 2018 во 15:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар