За разлика од претходните дуели во Шпанија, овој пат домашниот тим се мачеше за да дојде до двата бода, со кои фати приклучок во битката за првото место во групата А, кое го држи Вардар, но сега ситуацијата е поинаква. „Црвено-црните“ имаат само еден бод предност во однос на Нант и четири во однос на Барселона.
Причината за поразот ракометарите на Вардар  се  бројните технички грешки, кои не останаа неказнети од каталонците .

Избраниците на Раул Гонзалез не ги искористија шансите , Барселона  ги казнуваше грешките на Вардар и ја одржуваше предноста од три гола. Во последните десет минути, Вардар влезе со негатива од четири гола (24-20).

„Црвено-црните“ со голот на Карачиќ успеаја да намалат на 25-23 во 54. минута. И кога се чинеше дека Барса лесно ќе дојде до победата, Шишкарев намали на 29-28 за финален резултат .

Во следното коло, Вардар е домаќин на Пик Сегед,а мечот се игра во недела.

Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 19:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар