Домаќините одиграа многу слабо прво полувреме, во кое не создадоа ниту една реална шанса, иако првпат оваа сезона во игра влезе ѕвездата на тимот, Марко Ројс.
Вториот дел, сепак започна ударно и играчот на Дортмунд, Миши Батшуаи го отвори резултатот, откако пресретна центрирање на Кристијан Пулишиќ.
Дортмунд играше солидно по паузата и на крајот Марио Геце постигна гол во 92-та минута по пас на Андре Шурле, со што ја потврди победата на „жолто-црните“.
Борусија Дортмунд се искачи на третото место со 37 поени, додека Хамбургер останува претпоследен со 17 поени.

Резултати од Бундеслигата:

Баер Леверкузен 0 - 2 Херта Берлин
Борусија Дортмунд 2 - 0 Хамбургер
Ајнтрахт Франкфурт 4 - 2 Келн
Хановер 96 2 - 1 Фрајбург
Хофенхајм 4 - 2 Мајнц 05.

Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 19:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар