Хари Кејн (49) го постигна единствениот гол денеска, кој е 23-ти за него од почетокот на сезоната во Премиер Лигата.

Англичанецот пропушти уште две или три шанси, додека Деле Али и Ерик Ламела можеа да ја направат победата на Тотенхем поголема. Добрите интервенции на Питер Чек останаа единственото позитивно нешто во презентацијата на „топџиите“.

По сите пропуштени можности, „петлите“ можеа да изгубат бодови во додаденото време, но ударот на Александар Лаказет помина неколку сантиметри од целта.

Тотенхем се искачи на третото место пред натпреварите на Ливерпул и Челзи, а тимот на Маурисио Почетино освои седум поени во тешката серија натпревари против Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал./МИА

Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 17:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар