Покрај теренот со поплавата беа зафатени и соблекувалните со комплетниот инвентар, како и спортската опрема.

По оваа природна катастофа првите луѓе на клубот упатија апел за помош до Фудбалската федерација на Македонија и општината, но и до сите љубители на фудбалот воопшто.

По овој апел три кичевски компании донираа пари за да продолжи подготвителниот период на екипата за пролетниот дел од првенството, во кое тие се есенски прваци бидеќи беше невозможно да продолжат во Кичево. Подготовките на клубот продолжија на албанското крајбрежје во Драч.
Тренерот на екипата Назми Ајдини вели дека условите во Драч се прекрасни. Освен тренинзи два пати дневно, во Драч фудбалерите ќе одиграат и пријателски натпревари со екипи кои во моментот се исто така на подготовки во овој град за што поподговени да го пречекаат почетокот на пролетниот дел од првенството.

Пролетниот дел од првенството во втората лига ќе започне во првиот викенд на идниот месец кога Влазерими кој е прв, највероватно на градскиот стадион во Кичево ќе ја пречека второпласираната екипа на Гостивар од истоимениот град./МИА

Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 14:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар