Македонскиот тим е на врвот на табелата во групата со 18 поени и бара бодови од мечот против „каталонците“ за освојување на првото место, што ќе им донесе директен пласман во четврт-финалето на најпрестижното ракометно натпреварување.

На првиот дуел сезонава во Скопје на 14 октомври „црвено-црните" победија со 27:24. Ова ќе биде 13 меѓусебен натпревар меѓу Барселона и Вардар.

Екипата на Раул Гонзалез има серија од 15 натпревари без пораз во ЛШ, а Барселона загуби на последниот меч со Нант на почетокот на декември. Вардар и понатаму е единствен тим без пораз сезонава во ЛШ.

Мечот започнува во 18 часот./МИА

Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 10:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар