И покрај ова се уште е неизвесно кога Ѓоковиќ ќе се врати во натпреварувачки ритам, откако минатата недела го оперираше зглобот на лактот во Швајцарија.

Ѓоковиќ, кој е петкратен освојувач на Индијан Велс, поради повредата претходно отсуствуваше шест месеци, но се врати во почетокот од сезоната, меѓутоа на Австралија опен призна дека и натаму чувствува болка во лактот.

Мастерсот во Индијан Велс се одржува од 8. до 18. март, а титулата ја брани Рожер Федерер./МИА

Датум на објава: четврток, 08 февруари 2018 во 19:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар