На 39-годишниот Германец, кој 20-годишната кариера ја помина во Далас Маверикс,  му беа потребни само 7 минути на гостувањето во Лос Анџелес кај Клиперс да ја помине оваа магична бројка.

Иако Новицки одигра 25 минути и постигна 12 поени, на крајот Маверикси не го избегнаа поразот од 101:104.

Поради техничка грешка сепак германскиот кошаркар во историјата на НБА влезе под друго име, бидејќи на дресот наместо „Nowitzki“ му пишуваше „Nowitkzi“.

- Тоа го забележав по натпреварот. Навистина не знаев, изгледа такви нешта се случуваат. Би рекол дека оваа грешка на некој начин ја сумира и нашата сезона, изјави Новицки.

Во одбраното друштво над 50.000 минути се и Карим Абдул-Џабар, кој го држи рекордот со 57.446 минути, Карл Мелоун, Кевин Гарнет, Џејсон Кид и Елвин Хејс./MИА

Датум на објава: вторник, 06 февруари 2018 во 18:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар