Надал се опоравува од повреда на мускулот на левата нога, која го принуди да се откаже во почетокот на петтиот сет во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во текот на минатиот месец.

Шпанецот се лекува во специјализирана клиника во Мадрид, а се очекува до крајот на неделава да започне со тренинзи.

Тој треба да стигне до полуфиналето во Акапулко, ако сака да ја задржи лидерската позиција во рангирањето на АТП. 

Датум на објава: вторник, 06 февруари 2018 во 13:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар