Првиот човек на „зелените“ нема да може да присуствува наредните 12 месеци на ниту еден натпревар од елитното натпреварување, бидејќи ги критикуваше лидерите на Евролигата.

Во објаснувањето на одлуката се истакнува дека Јанакопулос ја „уништил хармонијата што владеела меѓу клубовите“, кога во неколку наврати со вулгарен речник го коментирал судењето во најсилното кошаркарско натпреварување на Стариот континент.

ПАО моментално е на петтата позиција на табелата во Евролигата, со 13 победи и осум порази./МИА

Датум на објава: понеделник, 05 февруари 2018 во 20:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар