Во натпревар со две различни полувремиња, „црвено-црните" на гостувањето во Германија имаа доста проблеми во првото полувреме со играта „седум на шест“ која ја практикуваше домашниот тренер.

Првите 30 минути завршија само со два гола предност за Вардар (16:14), но во вториот дел вардарки „експлодираа“ и со двоцифрен триумф го завршија мечот.

Најефикасна во победничкиот тим беше Андреа Пенезиќ со осум гола, на голот Амандин Лејно забележа 12 одбрани,.

По оваа победа Вардар пред Мец со 8, Ференцварош и Будуќност имаат по 6, Битигхајм и Турнингер по 2.

Во следното коло Вардар на 10 февруари го пречекува тимот на Будуќност. /МИА

коментари

остави коментар