33-годишната Вон ја делат само уште шест победи од легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк кој е рекордер по број на победи (86) во Светскиот скијачки куп.

Денешната трка Вон ја заврши со време 1:12.84 минута, две стоти делови од секунд побрзо од Софија Гоџа (Италија) и 13 од третопласираната Корнелија Хинтер (Австрија).

Трката ја одбележа и тешкиот пад на Американката Жаклин Вајлс која ја повреди левата нога и со хеликоптер беше пренесена во болница.
Во спуст води Гоџа со 349 бодови, 43 повеќе од Вон.

Убедливо прва во Генералниот пласман е Микаела Шифрин со 1.513 бодови. 

Датум на објава: сабота, 03 февруари 2018 во 16:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар