Тој изрази задоволство од прикажаното во Загреб, во првата групна фаза, но искажа забелешки за игрите во Вараждин во вториот дел од шампионатот.
- Настапот во првата фаза беше максимално успешен, но за жал во втората рунда не продолживме така. Загубивме од Шпанија, Данска и од Чешка со која можевме да извлечеме подобар резултат. Апелирам за во иднина, поединци, личните проблеми и суети да ги оставаат во Скопје и да се посветат на играта, да бидат сконцентрирани на сите натпревари до крај, изјави Мукаетов.

Тој ја пофали работата на селекторот Раул Гонзалес.

- Сакам да упатам комплименти до стручниот штаб и селекторот  Раул Гонзалес, кој се надевам дека и понатаму ќе остане на нашата клупа. Тој испеа да промовира четворица млади играчи, а истовремено да се бори со силините противници. Се надевам дека ќе имаме успешен настап во баражот за Светско првенство во 2019 година, додаде Мукаетов. 

Датум на објава: сабота, 03 февруари 2018 во 14:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар