Тој нагласи дека промовираат дружење, негување на вистинските вредности, спортски активности и фер плеј, толеранција и почитување на различностите. Појасни дека уште од првите игри до денес, апсолутно се за децата е бесплатно, а право на учество има секое дете.

- Програмата на игрите дава можност на сите кои сакаат да се дружат и уживаат во спортските активности. Учесниците можат, но не мораат да бидат активни спортисти. Доволно е да се вљубеници во здравиот начин на живот, да имаат желба да се дружат со нас, да ги пробаат своите можности во некоја спортска дисциплина. Токму затоа Игрите се алтернатива на сите негативни трендови на секојдневието, вели Гудиќ.

Делегација од „Спортските игри за млади“ на почетокот на минатиот месец се сретна со премиерот Зоран Заев. На средбата биле претставени планот и иницијативата за развоја на „Спортските игри за млади“ и на територијата на Република Македонија, а била упатена директна покана до премиерот за пристапување и приклучување кон регионалниот СИМ проект.

- Многу сум задоволен од состанокот и средбата со премиерот Заев, кој е човек со голема и позитивна енергија. Веќе на прв впечаток ги препозна сите предности на СИМ проектот. Ја почитувам неговата борба и се она што го направи за Република Македонија. Ме воодушеви со тоа што искрено го сака спортот, како и со фактот дека е тимски играч. Многу е ефикасен, односно да се изразам со вистинскиот збор, тој е човек од акција. Ја уважува и почитува секоја професија имајќи предвид дека веднаш пристапи оперативно на разработка на планот во присуство на своите соработници, директорот на Агенцијата за спорт и млади Дарко Каевски, како и специјалниот советник за спорт во Владата Даниел Димевски, кои исто така оставија поволен впечаток на членовите на нашата делегација. Тимот на премиерот со нас сега работи на подготовка на планот, потребите и можностите, нагласи Гудиќ.

Доколку дојде до покренување на проектот, како што вели, постои можност првиот човек на СИМ за Македонија да биде поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија, Наумче Мојсовски. Гудиќ нагласи дека се направени прелиминарни разговори со него, а тој ја прифатил поканата.
Во рамки на „Спортските игри за млади“ се организираат натпревари во десет спортски дисциплини: мал фудбал, одбојка на песок, уличен баскет, одбојка, игри меѓу два огна, пинг-понг, тенис, атлетика и шах. И покрај тоа што се работи за аматерско спортување, натпреварите се организирани на професионално ниво, со сите пропозиции и со постојните правила за секоја спортска дисциплина.

„Спортските игри за млади“ се одржуваат веќе 22 години во Република Хрватска,  осум во Босна и Херцеговина и пет сезони во Република Србија. Победниците на државните првенства во сите земји, во сите спортови ќе изборат пласман за учество на Големото меѓународно финале на „Спортките игри за млади“, кое по традиција се одржува секоја година во Сплит. Градот домаќин во Хрватска ќе нагости вкупно 1.300 дечиња, тренери, спортски работници и други гости.

Игрите се одржуваат под покровителство на владите на земјите во кои се реализираат. 

Датум на објава: петок, 02 февруари 2018 во 17:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар