Од гостувањето во Белорусија Вардар можеше да се вратиме и со три бода, но последниот удар на Даинис Криштопанс од девет метри го одбрани домашниот голман Раде Мијатовиќ.

На овој меч „црвено-црните" отпатуваа на овој натпревар без неколку ракометари од првиот состав.

За Вардар ова беше прв натпревар сезонава во СЕХА Газпром лигата на кој освојуваат само еден бод, но и покрај тоа го задржаа лидерското место на табелата со 34 бода, осум повеќе од второпласираниот Цеље.

Тимот на Мешков остана на четвртото место со 22 бода.

Веќе в сабота Вардар гостува кај Татран Прешов во Словачка./МИА

Датум на објава: четврток, 01 февруари 2018 во 20:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар