На шампионатот што се одржува во Мароко, домаѓната селекција во четвртфиналето со 2-0 ја победи репрезентацијата на Намибија.

Стрелци на головите за домаќините беа Ајуб Ел Каби во 36-тата и Салах Едине Саиди во 55-тата минута.

Мароко во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Конго и Либија.

Судан место меѓу четирите најдобри обезбеди благодарение на голот на Саифедин Бакхид во 32.минута, со кој счавеше минималната победата со 1-0 во дуелот против Замбија.

Противник на Судан во полуфиналето закажано за 31 јануари ќе биде подобрата селекција од последната четвртфинална пресметка во која вечерва ќе играат Нигерија и Ангола. /МИА

Датум на објава: недела, 28 јануари 2018 во 10:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар