Од нив, ја издвојуваме победата на вицепрвакот Кливленд, само втора на последните осум натпревраи. Кливленд предводен од Лебропн Џејмс ја совлада Индијана со 115-108.

Џејмс средбата ја заврши со „трипл-дабл“ учинок, осми за него сезонава. Тој покрај 26 поени, имаше и 11 асистенции и 10 скока. Покрај него добра партија пружи и  Кевин Лав со „дабл-дабл“ од 10 поени и 13 скока.

Тимот на Њу Орлеанс го совлада Хјустон пред своите симпатизери со 115-113. Сепак, победата сепак ќе остане во сенка на повредата на Демаркус Казинс, кој на осум секуди до крајот мораше да го напушти теренот. Првичните информации велат дека за Казнс сезоната е завршена.

Инаку Казинс имаше „трипл-дабл“ учинок со 15 поени, 13 скока и 11 асистенции. Најефикасен беше Ентони Дејвис со 27 поени и 11 скока.  На Хјустон не му помогнаа ниту Крис Пол и ЏЕјмс Харден кои исто така имаа „дабл-дфабл“ учиноци. Пол, мечот го заврши со 38 поени и 11 скокаа, Харден имаше 23 поени и 11 скока.

Луол Вилијамс со 40 поени и 1о асистенции беше предводник на Лос Анџелес Клиперс во победата на гостински терен кај Мемфис со 109-100.

Непријатни изненадување пред своите симпатизери доживеаа и кошаркарите на Сан Антонио кои загубија до Филаделфија со 78-97,  како и второ пласираниот во Источната конференција Торонто со поразот од Јута со 93-97. /МИА

Датум на објава: сабота, 27 јануари 2018 во 10:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар